Може ли да очекуваме цената на нафта да е под 20 долари за барел?
Цената на нафтата падна за повеќе од 10% на берзата во Њујорк по средбата на членките на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) на 4 декември оваа година и предизвика стравувања дека може да дојде до уште поголемо намалување.
Претходниот пат групата ги потресе пазарите во ноември 2014 година, исто така, по средбата на организацијата, потсетува „Bloomberg“.
Пораката што ОПЕК ја направи овој месец - дека ќе продолжи да пумпа нафта додека конкурентите не се разбегаат, е всушност повторување на нивната позиција од ноември минатата година. Тогаш по нивниот состанок цените на нафтата паднаа за 40% за седумте месеци од загубите, кога пазарите сфатија дека светските резерви од суровина ќе се задржат.
Ако се случи сличен тренд во моментов, светот ќе ја види цената на нафтата под 20 долари за барел.
Венецуела, која е член на ОПЕК, предупреди дека историјата може да се повтори, обраќајќи внимание на падот од 20 долари во цената по одлуката на организацијата од минатиот ноември. Енергетскиот министер на Венецуела, Еулогио Дел Пино за новинарите изјавил на 4 декември: „Ако продолжиме со истата стратегија, (цената) ќе падне под 20 долари“.
Аналитичарите исто така посочуваат дека во моментов не се гледа дно под кое нема да видиме повеќе поевтинување. Додека пазарот е презаситен изгледите се дека таков ќе биде во поголемиот дел на 2016 година, тогаш нафтата нема реална вредност, изјави аналитичар од „Morgan Stanley“.
Со месеци од „Goldman Sachs“ предупредуваат дека цените на суровата нафта ќе паднат под 20 долари за барел.
