Економија, финансии, бизнис

Контакт

Може ли Британија да стане како Норвешка?

Може ли Британија да стане како Норвешка?

Норвешка е член на Европската економска област, но не и на ЕУ.

Норвежаните знаат добро кои се негативностите и добрите страни на животот надвор од Европската унија. Дали Лондон ќе го примени нивниот модел? Германската канцеларка, Ангела Меркел експлицитно предупреди дека Велика Британија нема да добие пристап до единствениот пазар, освен ако не прифати слобода на движење на стоки, луѓе и капитал.

Норвешка е член на Европската економска област, но не и на ЕУ. Тоа значи дека слично на Исланд и Лихтенштајн, и таа треба да ги почитува правилата на внатрешниот европски пазар, без да има право да ги одредува. Покрај тоа норвешкиот извоз подлежи на царинска контрола, бидејќи земјата не е членка на Европската царинска унија, во кој учествуваат 28-те земји од заедницата, како и Андора, Монако и Сан Марино.

Членовите на царинската унија не плаќаат царини, но тие наплаќаат за стока од трети страни. Норвешка е должна да дава и годишна рата за членството во Европската економска област. Според податоците на норвешката влада, придонесот по глава на жител за Норвешка одговара на придонесот на Велика Британија за ЕУ. Покрај тоа Норвешка субвенционира и некои од најсиромашните држави во заедницата и плаќа за учество во различни програми на ЕУ - како оваа за размена на студенти - "Еразмус".

Слично

Поврзани вести