МОЖЕН ПРЕСВРТ: Врховниот суд на Велика Британија одлучува за Брегзит
Излегувањето на Велика Британија од Европската унија е во рацете на Врховниот суд, а тој ќе ја донесе својата одлука денес. Највисоките судии ќе ја разгледаат одлуката на понискиот суд - Лондонскиот Врховен суд, кој најави дека владата не може да започне преговори за напуштање на Унијата, без тоа да биде изгласано од парламентот.
Премиерот Тереза Меј веќе најави дека ќе се насочи кон „тврд Brexit“. Односно напуштање на единствениот европски пазар и договорени сите трговски договори со сите земји во ЕУ и во светот.
Тереза Меј вети деке ќе го започне процесот пред крајот на месец март, а владата е подготвено да започне дебата во парламентот што е можно поскоро. Намерите на Меј сепак може да бидат спречени ако Домот на лордовите одбие да го одобри заминувањето, или барем во предложениот изглед.
Премиерот има кревко мнозинство во Долниот дом, но се очекува чл. 50 да биде одобрен без тешкотии, бидејќи главната опозициска партија, Лабуристичката, е обврзана да не го блокира.
Иако не го спречува заминувањето на Унијата, одлуката на Врховниот суд може да го наруши распоредот на конзервативната влада, ако судиите одлучат дека треба да се одржат консултации со регионалните влади на Шкотска, Северна Ирска и Велс.
