Moжен ли е пресврт во војната во Украина?
Војската на Украина најави контранапад над руските сили што може да сигнализира пресврт во војната.
Во Вилхивка, село источно од Харков што го држат украинските сили, речиси постојано одекнуваа детонации од блиското бојно поле. Украина се обидува да ги окупира бреговите на реката Доњецк и да ги загрози руските линии за снабдување од другата страна.
Украинските сили денеска се лоцирани на неколку километри од руската граница во областа Харков, изјави за Ројтерс извор од украинската војска.
Источно од Вилхивка, украинските сили се чини дека го контролираат селото Рубижне, на брегот на Доњецк, по веројатно најбрзиот напредок од април, кога Украина ги турна руските сили во близина на Киев и на север.
Украинската армија, 92. механизирана бригада, вчера потврди дека освоила четири села северно од Харков, туркајќи ги Русите кон границата.foto EPA/ MARIA SENOVILLA
