Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОЖЕБИ СТЕ ПРЕЛЕЖАЛЕ КОВИД, НО НЕ ЗНАЕТЕ: Еден необичен симптом се јавува неколку месеци по инфекцијата

МОЖЕБИ СТЕ ПРЕЛЕЖАЛЕ КОВИД, НО НЕ ЗНАЕТЕ: Еден необичен симптом се јавува неколку месеци по инфекцијата

Омикрон е една од позаразните варијанти на корона вирусот, а симптомите се слични на обичната настинка. За среќа, клиничките слики засега се претежно полесни, има многу асимптоматски случаи, кои инфекцијата ја поминуваат и без да знаат.

Еден симптом може да биде знак дека е така, бидејќи се јавува само по инфекција со омикрон варијантата

Последната студија „Хакенсак“ на Универзитетскиот медицински центар во Њу Џерси покажала дека опаѓањето на косата се јавува кај луѓето по зараза со омикрон. Извештајот сугерира дека луѓето кои имале КОВИД доживеале губење на косата по помеѓу неколку недели и три месеци.

Британскиот институт за трихологија вели дека има некои глобални истражувања кои се занимаваат со поврзаноста помеѓу Ковид-19 и губење на косата.

- Истражувачки тим од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Индијана утврди дека речиси една третина од 1.500 учесници пријавиле губење на косата како еден од долгорочните симптоми на ковид - велат од Институтот за трихологија.

Науката објаснува зошто опаѓањето на косата се јавува по инфекцијата:

Првата причина е кога реакцијата на телото на вирусот станува преактивна и предизвикува воспаление, иако пациентот веќе се има опоравено од короната, а друга причина е стресот, бидејќи е познато дека ковид предизвикува стрес, кој дефинитивно се поврзува и со опаѓање на косата.


Слично

Поврзани вести