Економија, финансии, бизнис

Контакт

Може ли Лондон да се премисли за Брегзит?

Може ли Лондон да се премисли за Брегзит?

Велика Британија може да се откаже од одлуката да излезе од ЕУ, откако'e пресмета колку ќе ја чини тоа. 

Таквото мислење go изрази министерот за надворешни работи на Полска, Витолд Вашиковски во интервју за полската национална телевизија. Според него Брегзит, ако воопшто се случи, ќе потрае една-две години. 

„Замислете ситуација во која по неколку години на долги преговори Британците разберат колку ќе ги чини излегувањето од ЕУ. По две-три години оваа власт, или која и да било друга, ќе го стави ова прашање пред Британците и тие ќе треба да размислат повторно "- рече Вашиковски. 

На референдумот од 23 јуни мнозинството Британци (51,9%) го поддржаа излегувањето на земјата од Унијата. Тогашниот премиер Дејвид Камерон поднесе оставка, а неговото место го зазеде Тереза ​​Меј. Таа вети дека ќе започне со процесот на излегувањето на земјата од ЕУ до март 2017 година. 

Слично

Поврзани вести