Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОЖЕ ЛИ ЉУБОВНИЦАТА НА ПУТИН ДА ПРЕДИЗВИКА ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА? - Америка во последен момент одлучи да не и воведе санкции на Кабаева, а еве што се крие зад таа одлука

МОЖЕ ЛИ ЉУБОВНИЦАТА НА ПУТИН ДА ПРЕДИЗВИКА ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА? - Америка во последен момент одлучи да не и воведе санкции на Кабаева, а еве што се крие зад таа одлука

Соединетите Американски Држави намерно избегнаа да ја санкционираат наводната љубовница на Владимир Путин поради страв дека тоа дополнително ќе ги подгрее тензиите со Русија и ќе го наведе рускиот претседател да донесува одлуки кои би можеле да имаат несогледливи и далекусежни последици.

Алина Кабаева (39) е поранешна олимписка шампионка во ритмичка гимнастика, модел за насловните страници на руското издание на Вог и за која упатените од Вашингтон веруваат дека е љубовница на Путин (69).

Таа беше во центарот на вниманието на американското Министерство за финансии по инвазијата на нејзиниот наводен љубовник во Украина во февруари - но избегна санкции во последен момент по интервенцијата на Советот за национална безбедност, пишува Wall Street Journal.

Официјални лица во Вашингтон веруваат дека санкционирањето на Кабаева би било толку „личен“ напад на Путин што тензиите меѓу Русија и Западот би можеле уште повеќе да ескалираат, особено во ситуација кога се почесто се споменуваат „нуклеарна војна“ и „трета светска војна“.

Според некои информации, таа му родила три деца на рускиот лидер и се збогатила благодарение на врските со него - што значи дека би била главна цел на американските санкции откако Путин ја нападна Украина во февруари.

Сепак, и покрај уверувањето на американските власти дека Кабаева има удел во криењето на богатството на Путин во странство, санкциите против неа се изоставени. Од друга страна, двете возрасни ќерки на Путин, Марија и Катарина, беа погодени од санкциите.

Американските власти изјавија за Волстрит журнал дека таа и понатаму е потенцијална цел на санкции.

„Подготвивме санкции за голем број лица кои се уште не се санкционирани и продолжуваме да размислуваме кога да ги воведеме тие санкции за да имаме максимален ефект“, рече функционерот.

Москва отсекогаш негираше дека има некаков однос меѓу Путин и Кабаева, а и самата го негираше тоа.

Путин во државните медиуми во Русија е претставен како да живее „аскетски живот“ посветувајќи се на јавните служби. Тој има две познати ќерки од претходниот брак.

Кабаева, инаку, се појави на настап на ритмички гимнастичари во Москва во саботата и покажа поддршка за воените напори на Русија. На снимката јасно се гледа буквата „З“, која се поврзува со руските воени трупи во Украина во последните месеци.

САД ја обвинија Кабаева и нејзиното семејство дека се збогатиле поради врските со Путин, а истрагата на американските разузнавачки служби за изборите во 2016 година наведува дека таа е корисник на парите на Путин.

Алексеј Навални, лидер на руската опозиција кој е во затвор, ги молеше американските пратеници да воведат санкции против Кабаева на 6 април, тврдејќи дека таа му помогнала на Путин да ги скрие парите.

Украинската влада, исто така, побара од западните земји да ја санкционираат Кабаева и ја повика Швајцарија да и забрани влез во земјата, каде што често се гледа. Швајцарската влада негираше дека знаела дека Кабаева била во нивната земја.

Извор: Блиц.рс

Слично

Поврзани вести