Економија, финансии, бизнис

Контакт

Може ли Европа да воведе „Воен Шенген“?

Може ли Европа да воведе „Воен Шенген“?

Литванија до органите на Европската Унија ќе предложи создавање на „Воен Шенген“, односно посебно царинско и гранично регулирање на протокот на оружје, војници и воена европа во границите на ЕУ и земјите кандидати членки.

Главната причина за ваков нов вид на регулација на воените капацитети е да се создадат услови за побрз одговор во случај на воени закани врз ЕУ, а особено како одговор на потенцијален судир со руската армија која има заканувачки позиции во Балтикот и Источна Европа.

„Литванија ја поддржува засилената соработка на ЕУ во одбраната и обезбедувањето на постојана безбедна соработка треба да придонесе во зголемување на буџетите во ЕУ. Со тоа ќе се создаде реален одбранбен капацитет во Европа, истакна министерот за одбрана на Литванија Рајмундас Кароблис на состанокот на министрите за одбрана во Вилнус.

Токму земјите како Литванија имаат голем страв дека ако дојде до ексалација на односите меѓу Западот со организации како ЕУ и  НАТО со Русија постои голема закана за сепаратистички акции со руските малцинства како што беше случајот во Источна Украина и анексијата на Крим.

Ваквиот потег на европските држави може да се оцени како нова провокација од руска страна и да придонесе за поголема мобилизација на воените трупи на источните граници на ЕУ.


Слично

Поврзани вести