МОЖЕ ДА ПОЧНЕ ИТНА УПОТРЕБА - Советот на ФДА ја одобри вакцината на Модерна
Советодавниот одбор на американската Агенција за храна и лекови (ФДА) одобри итна употреба на вакцината против коронавирусот што ја разви компанијата „Модерна” со седиште во Масачусетс.
Како што пренесува „Глас на Америка“, од ФДА се очекува да го усвои мислењето на одборот и да ја одобри употребата на вакцината на компанијата „Модерна”, по што ќе започне нејзината дистрибуција.
Американскиот министер за здравство Алекс Азар за „Си-Ен-Би-Си“ изјави дека 5,9 милиони дози се наменети за дистрибуција низ цела Америка.
Претходно оваа недела, регулаторите на ФДА ги потврдија тврдењата на „Модерна” за безбедноста и ефикасноста на вакцината.
Слично
