Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОЖЕ ДА ОСТАНЕ НА ВЛАСТ БАРЕМ ДО 2030 ГОДИНА: Дали Путин ќе влезе во претседателската трка за уште еден мандат?

МОЖЕ ДА ОСТАНЕ НА ВЛАСТ БАРЕМ ДО 2030 ГОДИНА: Дали Путин ќе влезе во претседателската трка за уште еден мандат?

Рускиот претседател Владимир Путин се уште не одлучил дали ќе се кандидира на претседателските избори во март 2024 година, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, демантирајќи ги медиумските извештаи дека Путин веќе одлучил да се кандидира.

„Путин се уште нема дадено никакви изјави за ова прашање. Изборната кампања се уште не е објавена“, рече Песков, а пренесе ТАСС.

Претседателските избори во Русија се очекува да се одржат на 17 март 2024 година, а одлуката ќе ја донесе следниот месец Советот на Федерацијата, Горниот дом на парламентот.

Според руските закони, Путин има право да се кандидира за уште еден мандат. Претходно денеска Ројтерс објави дека Путин одлучил да се кандидира на изборите во март, кои потенцијално би му овозможиле да остане на власт најмалку до 2030 година.


Слично

Поврзани вести