МОЖЕ ДА ОДИ В ЗАТВОР: Чешки антиваксер се закани дека неговата земја ќе ја нападне Русија
Чешки граѓанин создаде паника дека неговата земја ќе ја нападне Русија.
Чешката полиција покрена истрага против организаторот на антивладините демонстрации на широката коалиција на десничарски и левичарски екстремисти и антиваксери, Ладислав Врабел, затоа што кренал паника дека Чешка се подготвува да ја нападне Русија со атомски бомби. Велат дека сакал да ја вовлече Чешка во војна и предизвика уништување на земјата.
„Седнете на каучот и уживајте во последните неколку месеци од вашиот живот. Нашата влада сака да ја нападне Руската Федерација со бомбардери и проектили со нуклеарни боеви глави. А, Руската Федерација ќе возврати и ќе испрати проектили со нуклеарни боеви глави во Чешка“, напиша Врабел на Твитер.
Неколку корисници на Твитер поднесоа кривична пријава против Врабел, а полицијата покрена истрага поради сомнение дека организаторот на демонстрации за напуштање на Европската Унија (ЕУ), НАТО, ОН и Светската здравствена организација (СЗО) и свртување кон Русија крева паника. За она што го направи во согласност со чешките закони му се заканува затворска казна до две години. Чешка е една од земјите која донираше оружје за Украина. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари.
