МОЖАТ ДА БИДАТ РИЗИЧНИ ЗА ПЕШАЦИТЕ - Тесла повлекува околу 600 илјади автомобили
Тесла повлекува околу 579.000 автомобили поради проблеми со функцијата „Boombox“, пренесува Associated Press. Имено, се покажа дека дел од автомобилот преку оваа функција може да емитува звуци на надворешните звучници и на тој начин да ги „скрие“ звучните предупредувања до пешаците во сообраќајот.
Ова е четврто најавено повлекување на возилата на Тесла во последните две недели. Информациите доаѓаат во време кога американските регулатори ја зајакнуваат контролата над Тесла, најголемиот производител на електрични автомобили во САД.
Што објави регулаторната агенција?
Имено, Националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата (NHTSA) на својата веб-страница денеска објави дека автомобилите на Tesla со вградена функција Boombox, која им овозможува на возачите да емитираат звуци додека возилото се движи, ги прекршуваат федералните безбедносни стандарди кои бараат електричните автомобили, кои се речиси бесшумни во возењето, да емитираат звуци за предупредување за пешаците.
Извор: Индекс.хр
