„Моторола“ отпушта 1.200 вработени во САД, Индија и Кина
Американската компанија за производство на електронски уреди “Моторола“ планира да отпушти 1.200 работници или 10% од вкупната работна сила, за да ги намали лошите резултати од работењето.
Според американските медиуми, вработените во „Моторола“ за најновите скратувања на работните места биле известени преку електронска пошта.
„Иако сме премногу оптимисти во поглед на новите производи, се уште сме соочени со нови предизвици. Нашите трошоци се преголеми, работиме на пазари на кои не сме конкурентни и губиме пари“, стои во електронската пошта до работниците.
Со отпуштањата ќе бидат погодени вработени во САД, Кина и Индија. За потсетување во мај минатата година „Гугл“ го купи делот на „Моторола“ за мобилни телефони за сума од 12.5 милијарди долари.
Слично
