МОТИВОТ НЕ Е ПОЗНАТ: Нападнатиот маж во Берлин е шпански турист
Нападнатиот маж во Берлин е шпански турист, тој е стабилен, а напаѓачот е уапсен.
Мажот повреден во нападот со нож кај Меморијалот на холокаустот е 30-годишен турист од Шпанија, информираше вчера германската полиција. Тој е пренесен во болница со тешки, но не опасни по живот повреди. Мажот е во стабилна состојба, изјави претходно портпаролката на полицијата. Полицијата три часа по пријавата го уапсила осомничениот.
„Уапсениот имал „крв на рацете“, изјави портпаролот на полицијата Флоријан Нат.
Нападот се случил околу 18 часот.
„Апсолутно немаме идеја кој мотивот за нападот“, нагласи Нат.
Туристот е пренесен во болница, опериран е и е во стабилна состојба, соопшти полицијата. И лани имаше повеќе напади во Германија.
Слично
