Мосул се чисти од последните џихадисти на Исламска држава
Шест џихадисти на терористичката група Исламска држава денеска се убиени од страна на ирачките сили за безбедност во градот Мосул. Станува збор за преостанатите борци на ИД кои и покрај поразот во Мосул се уште вршат спорадични напади и самоубиствени бомбашки експлозии.
Џихадистите според ирачките безбедносни сили биле ликвидирани во операција во Мосул, во која се уапсени уште десетина борци, но, засега точниот број е непознат.
Мосул, кој е најголем град во северен Ирак, е поранешен бастион на ИД и пред извесно време беше ослободен од џихадистите.
Слично
