МОСТОВИ, ПОРТИ, МУЗЕЈ НА ВАН ГОГ: Кој е европскиот град на годината?
Место кое не е толку познато е прогласено за европски град на годината. Станува збор за историскиот град Амерсфорт.
Холандскиот град ја доби престижната титула „Европски град на годината“. Има канали, велосипеди и музеј полн со слики на Ван Гог.
Градот, кој се наоѓа западно од Амстердам, има центар на стариот град со згради кои датираат од средниот век.
Кружната улица Muurhuizen е позната како една од најубавите во целиот град, а туристите сакаат да шетаат по неа, да застануваат покрај продавниците и да јадат во еден од рестораните. Амерсфорт има и каналски систем, полн е со мостови и порти, кои може да се истражат при патување со брод.
Амерсфорт беше награден како најдобар во Европа од Лондонската академија за урбанистичко планирање, која го посети градот за да ја процени неговата одржливост, урбанистичко планирање и управување.Photo by Denise Jans/Unsplash
Слично
