Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОСКВА ЗАБРАНИ: Нема веќе турски ќебап

МОСКВА ЗАБРАНИ: Нема веќе турски ќебап

Градските власти на Москва одлучија да ја забранат уличната продажба на ќебапи со образложение дека продавачите на таа ориентална брза храна одбиваат да вложуваат во хигиената.

Како што јави популарната независна радио станица Ехо Москва, а пренесува хрватска Хина, таа одлука ја соопштил началникот на градското Одделение за трговија и услуги Алексеј Немерњук.

„Формат на продажба како што е ќебапот  во разместени улични продажби во Москва повеќе нема. Моментално работат поедини штандови на кои не им истекол закупт. Ќе го отстраниме ќебапот од улица и на нив веќе нема да го има“, дециден е тој функционер.

Истакнува притоа како неколку контроли на санитарни инспектори потврдиле дека сопствениците на штанводи „немаат никаква желба да поднесат и најмал трошок како би се усогласиле со важечките санитарни прописи“.

Слично

Поврзани вести