МОСКВА ВОЗВРАЌА СИЛЕН УДАР-ГИ ЗАБРАНИ ЛЕТОВИТЕ НА БРИТАНИЈА: Сите британски авиони не смеат да го користат рускиот воздушен простор
Русија го
ограничува користењето на рускиот воздушен простор за британските авиони,
вклучително и транзитните летови, објави Росавијација.
Говорејќи во парламентот вчера, британскиот премиер Борис Џонсон рече дека Лондон ги забранува активностите на Аерофлот во Обединетото Кралство поради ситуацијата во Украина, а исто така воведува санкции за бројни воени корпорации.
После тоа, Федералната агенција за воздушен транспорт на Русија (Росавијација) испрати известување до британските воздухопловни власти да се придржуваат до одредбите од договорот за воздушен транспорт, предупредувајќи дека Русија може да примени реципрочни мерки по санкциите против Аерофлот.
Слично
