Москва: Украина без гас од петок
Украина уште во петок би можела да остане без гас, предупредува Москва.
Заканата доаѓа во време на последниот круг разговори меѓу „Гаспром“ и Украински „Нафтогас“ за регулирање на проблемот со снабдувањето на енергија. Киев ја обвинува Москва дека испорачува гас на сепаратистичките региони во Донбас и сака таа да ги плаќа најавените количини за кои немаат реални податоци.
Од Киев изјавуваат дека немаат намера да плаќаат повеќе за рускиот гас откако почна да добиваат сино гориво од Европа по пониски цени.
За последниот месец ова е трет пат, кога што рускиот гигант се заканува дека ќе престане испораката на гас за Украина. Разговорите за односите меѓу „Гаспром“ и „Нафтогас“ започнаа на 19 февруари, откако „Нафтогас“ ги прекина испораките на гас за Донбас поради хаварија.
