МОСКВА СО НОВИ ЗАКАНИ, ако Литванија не ја тргне блокадата на Калининград ќе преземеме мерки
Русија испрати ултиматум до Литванија за сообраќајната блокада на Калининград, наведувајќи дека го задржува правото да дејствува за да ги заштити своите интереси
– Русија го задржува правото да дејствува во заштита на своите интереси доколку Литванија не ја укине забраната за транспорт на стоки во блиска иднина - соопшти руското Министерство за надворешни работи, пренесува РИА Новости.
На 20 јуни, Министерството за надворешни работи на Русија го покани вршителот на должноста на Литванија, Вирџинија Умбрасена.
- Во таа насока, најавено е дека доколку транзитот на товар меѓу Калининградската област и остатокот од територијата на Руската Федерација преку Литванија не биде целосно обновен во блиска иднина, Русија го задржува правото да преземе мерки за заштита на својата национална интереси - се наведува во соопштението, пренесува „Новости,рс“.
Забраната воведена од Литванија за транзит на стока во руската област Калининград е без преседан и незаконска, изјави на прес-конференција портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
- Оваа одлука е навистина без преседан. Таа ги крши сите можни правила. Разбираме дека тоа произлегува од одлуката на Европската унија да ги прошири санкциите за транзитот на стоки. Сепак, сметаме дека тоа е незаконско - истакна Песков, пренесува ТАСС.
Рускиот сенатор Климов изјави дека доколку ЕУ не ја реши ситуацијата со транспортната блокада на Калининград, Москва ќе има „одврзани раце“ да го реши проблемот на кој било начин.
Во петокот, литванските власти забранија транзит на стока по железница под санкциите на ЕУ преку нивна територија до руската енклава Калининград.
Листата на санкции на ЕУ вклучува јаглен, метали, градежни материјали и напредна технологија. Забраната опфаќа околу 50 отсто од артиклите што ги увезува Калининград.
Лоциран помеѓу членките на ЕУ и НАТО, Полска и Литванија, Калининград се снабдува од Русија, преку железница и гасоводи преку Литванија.
Оваа енклава е местото каде што се наоѓа седиштето на руската балтичка флота, а таа енклава беше заземена од Црвената армија од нацистичка Германија во април 1945 година и отстапена на Советскиот Сојуз по Втората светска војна.
