Економија, финансии, бизнис

Контакт

Москва се сомнева: ЕУ мами преку БиХ

Москва се сомнева: ЕУ мами преку БиХ

Русија го истражува обидот на криумчарење на европското овошје преку Босна и Херцеговина за да се заобиколи ембаргото на Москва за увоз на храна од Европската унија.

Ова, имено, го покажуваат документите во кои агенцијата Франс прес имала увид.

БиХ, на која ембаргото не се однесува, бележи бум во извозот на храна од август, кога руските санкции на ЕУ стапија на сила.

Руската Федерална служба за ветеринарна и фитосанитарна контрола тврди дека извозот на  земјоделски производи од БиХ во Русија оваа година е зголемен тројно повеќе во однос на 2013 година, што се наведува и во документот на Министерството за надворешни работи на БиХ, од кој Франс прес имал копија.

Во девет месеци заклучно со септември, извозот на овошје и зеленчук од БиХ во Русија бил тежок 3.123 тони во однос на 1014 тони од истиот период лани, се наведува во документот.

Босна во тој периоз извела 2066 тони јаболка и круши во Русија, во однос на сите 10 тони од истиот период во 2013 година.

Слично

Поврзани вести