Економија, финансии, бизнис

Контакт

Москва: САД одбиваат да преговараат со нас за Сирија

Москва: САД одбиваат да преговараат со нас за Сирија

Русија е „клучен глобален играч“ со „независна, мултивекторна надворешна политика“.

Тоа го изјавил рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пред парламентот на земјата, цитиран од руските медиуми.

Русија ќе продолжи да ја води независната, мултивекторна политика која одговара на националните интереси за надворешната политика во интерес на безбедното обезбедување на суверенитетот на земјата, зајакнување на безбедноста и зајакнување на позициите во денешниот конкурентен свет, појаснил Лавров.

Лавров сепак открил дека САД одбиваат да испратат воена делегација на високо ниво во Москва за дискусија и продлабочување за координацијата во Сирија. Според него предлогот е направен од рускиот претседател Владимир Путин за време на неговата посета во Њујорк минатиот месец.

Дипломатот додал исто така, дека идејата вклучувала испраќање на руска делегација во САД на чело со премиерот Дмитриј Медведев како втор чекор. Лавров изјавил дека Вашингтон нема да ја прифати руска делегација за координација на антитерористичките активности во Сирија.

„Им предложивме на Американците она што претседателот Владимир Путин го изјави вчера пред општеството - да испратат делегација од воени експерти во Москва за координација на голем број заеднички чекори, а потоа ние ќе бидеме подготвени да испратиме делегација на високо ниво во Вашингтон, предводена од Медведев“ , изјавил Лавров пред рускиот парламент.

„Денес ни беше кажано дека нема да испратат делегација во Москва. Во исто време тие не можат да ја прифатат нашата делегација во Вашингтон“, додал тој.

Лавров сепак изразил надеж дека договорот со САД за спречување на инцидент во воздушниот простор на Сирија ќе започне со работа во наредните денови.

Според него други држави не сакале воена помош од Русија за борба против тероризмот.

Русија жали дека САД претпочитаат да го продолжат курсот на обезбедување на своето глобално лидерство и ексклузивност, истакнал тој пред Државната дума во рамките на „владиниот час“.

Слично

Поврзани вести