Москва: Приведени работници на метрото поради несреќата
Повеќе од 150 лица се повредени во вчерашната несреќа во која три вагони излегоа од шините за време на утринската гужва. Според последните податоци, бројот на настрадани се искачи на 23.
Руска Истражна комисија соопшти дека ги притворила одговорниот на железничката пруга и неговиот помошник поради сомневање дека не извршиле проверка на механизмот на шините во еден тунел.
„Работата не е извршена како што треба. Тоа резултираше со излегување од шините, загинувањето на 23 лица и повредување на повеќе од 23 патници“, се наведува во соопштението на комисијата, пренесуваат руски медиуми.
Ова е најтрагичната несреќа во московското метро во последните неколку години. Нема знаци дека инцидентот бил напад на милитантите.
Слично
