Економија, финансии, бизнис

Контакт

Москва прави мулти воена база во Сирија

Москва прави мулти воена база во Сирија

Руското воено министерство ќе ja создаде единствена воена база во Сирија за борба против борците на „Исламска држава“, изјавил во интервју за весникот „Комсомолска правда“ началникот на Главното оперативно управување и заменик-началникот на Генералштабот на вооружените сили на Русија ген.- полковник Андреј Картаполов.

„Ова ќе биде една база, која ќе вклучува неколку компоненти - морски, воздушен и копнен“, изјавил Картаполов во одговор на прашање за можностите за создавање на две руски бази во Сирија - копнената под Латакија и морнарицата во Тартус.

Во рускиот Генералштаб дозволена е можноста да се користат бродови од постојаното оперативно соединение на морнарица на Русија во активности против борците на „Исламска држава“.

Според зборовите на Картаполов, руската морнарица во Средоземното Море, пред сè обезбедува испорака на материјални ресурси за нивно непречено преминување, како и за разнесување на делови и ударни бродови. Таа ја обезбедува и противвоздушната одбрана на руските бази.

„Ние во никој случај не ја насочуваме таа воздушна одбрана против учесниците во коалицијата“, истакнал генералот.

Според него, вооружените формации на терористичката група „Исламска држава“ брои околу 50 илјади луѓе.

„Во различни проценки се пресметуваат од 30 до 80 илјади луѓе. Бидејќи, како и обично, вистината е некаде во средината, нека станува збор за 40-50 илјади“, изјавил Картаполов.

Од Генералштабот  исто така, изјавиле дека се уште не се пронајдени во Сирија било каква и да е „умерена опозиција“.

„На Запад зборуваат за „умерена опозиција“, но таква во Сирија уште не сме виделе“, изјавил Картаполов.

„Тие може да се именуваат поинаку“, истакнал генералот. „Умерена или неумерена опозиција, но секој човек кој со оружје во рацете војува против легалната власт, колку е умерен?“, Запрашал ген. Картаполов.

Слично

Поврзани вести