Москва порача на Брисел и НАТО:Пред нос ви убиваат луѓе, а вие се борите против руска закана
Претседателот на комитетот за надворешни работи на Руската дума, Алексеј Пушков порача дека додека НАТО се плаши од некаква „руска закана“ во Брисел пред нос им убиваат луѓе.
„Додека Шолтенберг се бори против „руска закана“, и инсталира војска во Летонија, пред нос му дигаат луѓе во воздух“-вели Пушков.
Тоа е прва званична реакција на Москва за терористичките напади во Брисел. Тој на твитер изрази сочувство за загинатите и напиша дека Европа треба да сфати од каде доаѓа вистинската закана и да ги соедини силите со Русија.
Слично
