Економија, финансии, бизнис

Контакт

Москва очекува раст на вредноста на рубљата

Москва очекува раст на вредноста на рубљата
Финансиски експерти во Москва очекуваат раст на курсот на рубљата која поради тековното поскапување на нафтата, може наскоро да ја пробие психолошки важната граница од 30 единици за долар. Рубљата може да зајакне, поради сигналот од пазарите за суровини на кои нафтата поскапе по акциите на терористите во Ирак каде е оштетен најголемиот нафтовод, тврди началникот на оддел на московската консалтинг компанија Алор, Наталија Лисина. Таа смета дека во таква пазарна клима логично е да се очекува раст на вредноста на рубљата која инаку од почетокот на оваа година главно зајакна во однос на доларот и еврото.
Слично

Поврзани вести