Економија, финансии, бизнис

Контакт

Москва не размислува за нови контрасанкции на Западот

Москва не размислува за нови контрасанкции на Западот

Русија не работи на новиот пакет мерки како одговор на санкциите од Западот воведени на Москва поради состојбата во Украина, рече денеска заменик премиерот Аркадиј Дворковиќ.

„Не ги разгледуваме санкциите, тоа не е приоритет“, рекол Дворковиќ, според извештаите на РИА Новости.

Слична изјава денеска дал и министерот за економија Алексеј Ујукаев, кој рекол дека заострувањето на контрамерки би било контрапродутивно и додал дека не очекува ни Западот да воведе додатни санкции.

Ујукаев оценил дека последиците од санкциите, кои тешко ја погодиле Русија, ќе се чувствуваат и во текот на 2016 и 2017 година, пренесува Ројтерс.

Западот го заостр санкциите на Русија поради наоружувањето на проруските сили во Украина, бидејќи Москва веќе одговорила на поранешните санкции, со запирање на увозот на многу прехрамбени производи.

Владата ја разгледувала можноста за воведување на додатни мерки кои би се однесувале на воздухопловството, бродоградната, автомобилската и други гранки од индустријата, кои би можеле да ја зафатат рестрикцијата на увоз на автомобили или некои видови облека.

Претседателот Владимир Путин, рекол дека целта на руските санкции не е казнување на западните земји, туку тоа е предизик за земјата да ја зајакне својата економија.

 
Слично

Поврзани вести