MOСКВА НА НОЗЕ: Се евакуираат трговски центри
Четири трговски центри во руската престолнина се евакуирани по дојава за подметната бомба.
„Луѓето се евакуираат од трговските центри „Хадсон“ и „Хорошо“ поради закана од експлозија“- изјави за руската новинска агенција ТАСС неименуван извор, од службата за вонредни ситуации.

Претходно се упатени закани за бомба во трговскиот центар „Капитол“, југозападно од Москва, како и во центарот „Мега“ во Химкиј, северно од руската престолнина.
Поради евакуацијата имаше сериозни проблеми во сообраќајот.
Претходно рускиот претседател, Владимир Путин потпиша закон со којшто двојно се зголемува затворската казна за „телефонски тероризам“ од 5 на 10 години.
Од септември во 180 руски градови имаше лажни дојави за бомби.
На „мета“ на лажните дојави беа 3000 објекти.
