Економија, финансии, бизнис

Контакт

Москва ќе го менува центарот – Парк ќе никне на местото на хотел „Русија“

Москва ќе го менува центарот – Парк ќе никне на местото на хотел „Русија“
Парк ќе го замени еден од симболите на советската ера - московскиот хотел " Русија " . Голем проект е на пат да го промени историскиот центар на Москва . Површината на новиот парк е 13 хектари . Организаторите се надеваат дека така ќе ја освежат атмосферата во метрополата. Минатата година, претседателот Владимир Путин изјави дека на престижното парче земја покрај реката Москва треба да се изгради забавна зона . На 12 ноември московските власти го објавија победничкиот проект. Тој е на мултинационален конзорциум . Неговото седиште е во Њујорк . На изградбата ќе работат германски инженери , руски урбанисти и италијански дизајнери во инфраструктура. Проектот чини 200 милиони долари . Градежните работи почнуваат до крајот на 2014 година. Московјани се поделени во своите ставови . Некои ја поддржуваат промената , други се носталгични и немаат ништо против хотел " Русија " повторно да биде изграден повторно. Хотелот бил изграден меѓу 1964 и 1967 година против црвените ѕидови на Кремљ . Хотелот имаше 3 000 соби. На први март 2006 година хотелот беше затворен. На крајот на истиот месец почнаа работите за негова демонтажа.
Слично

Поврзани вести