Москва ја покани САД за парадата на 9 мај
Руското Министерство за одбрана го покани САД да учествуваат на парадата по повод Денот на победата на 9 мај, пренесува агенцијата „РИА“.
Соодветно писмо било испратено до воената канцеларија на американските колеги, изјави заменик-министерот за одбрана на РФ Анатолиј Антонов.
„Ние ги поканивме американските колеги да учествуваат во парадата на 9 мај. Одлуката е нивна“, истакнал Антонов.
Присуството на големите свечености по повод 70-годишнината од Победата во Москва потврдија 26 земји, а исто така и Советот на Европа и УНЕСКО. Во руската престолнина ќе пристигне и претседателот на Кина Си Дзинпин, како и лидерите на Јужна Африка и Индија.
Слично
