МОСКВА: Истрагата за падот на малезискиот авион е неоснована и исценирана
Русија смета доказите од истрагата за падот на малезискиот авион на летот МХ17 се „неосновани и пристрасни”.
Шефот на руската агенција за воздухопловство, Олег Сторочевој побара денеска од Меѓународната организација за цивилно воздухопловство да отвори нова истрага за минатогодишното соборување на малезискиот авион над источна Украина.
Сторочејов вели дека Русија не ги прифаќа овие докази од истагата што ја спроведе Холандија и ја повика Агенцијата за цивилно воздухопловство на ОН да интервенира.
Според холанските истражувања авионот бил соборен со проектил земја воздух истрелан од ракетен фрлач Бук, од руско производство.
Во извештајот не е наведено кој го лансирал проектилот , но е идентификувана површина од 320 киломтри квадратни, од каде се вели дека е можно да се случило лансирањето.
