Москва го повика Киев да ја запре офанизвата на Истокот од Украина!
Русија денеска го повика Киев да ги запре воените активности против проруските сили на истокот, со истакнување дека проруските лидери имаат доволно „авторитет“ да преговараат со Киев.
Заменик минисѕерот за надворешни работи на Русија Григориј Карашин изнел вакво барање, откако Москва ги призна изборите во украинските источни региони Луганск и Донњецк.
Избраните проруски лидери „имаат доволно авторитет да воспостават широко одржлив дијалог со киевски власти“, нагласи Карашин.
Дијалогот може да донесе резултати, како што рекол Карашин, само под услов на рамноправен дијалог заснован на взаемно почитување и Киев да се одрекне од воените операции и „злогласните антитерористичи операции“.
На Русија и се заканува нова рунда санкции од западните земји поради спорното гласање во источните украински региони, Луганск и Доњецк, наведува француската агенција.
„Јазикот на санкциите е апсолутно контрапродуктивен метод на решавање на конфликтот“, истакнал Карашин, додавајќи дека тоа „во историјата е докажано“.
Сега е важно да се превземат активни чекори во цел на одржување на дијалогот помеѓу Киев и претставниците на Донбас, рекол Карашин и додал дека Москва ќе направи се во пронаоѓање на решението.
