Економија, финансии, бизнис

Контакт

Москва го добила мировниот план на САД, Путин си го кажа ставот

Москва го добила мировниот план на САД, Путин си го кажа ставот

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва го добила мировниот план на САД за Украина.

Путин рече дека американскиот план може да послужи како основа за мирно решавање на конфликтот во Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се обрати на Украинците со видеопорака во која предупреди дека земјата е во еден од најкритичните моменти од почетокот на војната.

Тој зборуваше за исклучително силниот политички и дипломатски притисок од Соединетите Американски Држави(САД) и за тешките одлуки што Киев мора да ги донесе во наредните недели.

Руслан Стефанчук, претседателот на украинскиот парламент, вели дека секое решение за Украина мора да обезбеди заштита на нејзините граѓани, враќање на нејзиниот територијален интегритет и одвраќање на агресорите. 

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека неговата администрација поставила рок до следниот четврток за Украина да се согласи со планот од 28 точки на Белата куќа за прекин на војната со Русија, објави Си-Ен-Ен.

Војната почна на 24 февруари во 2022 година. 

foto Kremlin 

Слично

Поврзани вести