Москва достави протестна нота до Вашингтон за ненајевени претреси
Руското Министерство за надворешни работи (МНР) му врачи протестна нота на советникот во американската амбасада во Москва Ентони Годфри, соопштија руските новински агенции.
"На 2 септември, советникот на Американската амбасада во Москва, Ентони Годфри, беше повикан во Министерството за надворешни работи. На него му беше врачена протестна нота во врска со намерата на американските власти да го претресат трговското застапување на Руската Федерација во Вашингтон, во кое од денес сме лишени од пристап, иако зградата се наоѓа во руска државна сопственост и има дипломатски имунитет", се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.
Во нотата се нагласува "сметаме дека планираниот претрес на руски дипломатски простории без присуство на руски претставници за нелегитимно, како и изјавите за закана за влез со упад како невидена и агресивна акција, која може да се користи од страна на тајни служби на САД за организирање на антируски провокации".
Руското Министерство за надворешни работи исто така забележува дека Москва го задржува правото да одговори. "Власта во САД треба да прекине со грубото кршење на меѓународното право и да се откаже од посегнување врз имунитетот на дипломатските установи на Русија. Инаку го задржуваме правото за одмазднички мерки ", велат од Министерството.
Претходно, портпаролката на Руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, објави дека специјалните служби на САД планираат претрес во рускиот Генерален конзулат во Сан Франциско, вклучително и во дипломатските домови. Стејт департментот на САД одби да ги коментира овие информации, предлагајќи прашања за кои ќе се обрати до ФБИ.
Во четвртокот, американски официјални лица побараа Русија да го затвори Генералниот конзулат во Сан Франциско и две трговски канцеларии во Вашингтон и во Њујорк. Според официјалниот став, ова е во "дух на паритет", бидејќи САД претходно имале четири руски конзулати, додека американските во Русија биле три.
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, рече дека Москва ќе даде "тежок одговор" на активностите на Вашингтон. Во исто време, тој истакна дека Кремљ "не сака да се бори" со владетелите на САД и отворено соработува со Вашингтон.
