Економија, финансии, бизнис

Контакт

Москва: Договорот помеѓу Киев и САД ја загрозува безбедноста на Европа

Москва: Договорот помеѓу Киев и САД ја загрозува безбедноста на Европа
Одлуката со која Украина за своите реактори ќе користи нуклеарно гориво од САД, во електраните изградени за време на Советскиот Сојуз, би можело да ја загрози и безбедноста на европско ниво, соопштило руското Министерство за надворешни работи. Москва смета дека таа одлука би можела да ја загрози внатрешната безбедност и реагирала веднаш откако украинскиот премиер Арсениј Јацејњук во вторникот објави дека е потпишан договор со американската компанија „Вестингхаус“ за дистрибуција на нуклеарно гориво за украинските постројки, пренесува агенцијата „Тасс“. Руското министерство во соопштение предупредува дека одлуката претставува експеримент, како и дека нуклеарното гориво произведено во „Вестингхаус“ не е во потполност во склад со реакторите од советската ера во Украина. Москва потсетува и на нуклеарната катастрофа во Чернобил во 1986 година, додавајќи дека до неа дошло токму поради неусогласување на типот на реакторот и грешките што ги направило раководството на електраната.
Слично

Поврзани вести