Економија, финансии, бизнис

Контакт

Москва бара одговорност од Киев за воени злосторства

Москва бара одговорност од Киев за воени злосторства

Руска државна Дума, односно Долниот дом на рускиот Парламент ги обвини властите во Киев прават воени злосторства и побара да одговараат пред воен суд.

-Мислам дека е тоа организирана криминална група која така и се однесува од самиот почеток и прави  воени злосторства, рече претседателката на Комитетот за безбедност на Думата, Ирина Јарова, пренесува ИТАТ-ТАСС.

Таа смета дека каква било поддршка за самопрогласените власти во Киев, кои го наредиле истребувањето на сопствениот народ, значи согласување со масовното убивање луѓе.

Заменик претседателот на Думата, Сергеј Неверов, е уверен дека нема оправдување за тоа што се случи во Славјанск, Краматорск и во Одеса, пренесува ИТАР-ТАСС. Тој додаде дека е ужасно тоа што граѓанската војна во Украина ја поддржува Западот кој многу брзо заборави на човековите права и демократските вредности за кои ЕУ и САД, како што тврдат, се залагаат.

Во судирите на улиците на Одеса досега погинаа 46 лица, а повеќе од 200 побарале лекарска помош, потсетува ИТАР-ТАСС.

Слично

Поврзани вести