Москва бара од Берлин да се изјасни по повод тврдењата на Јацењук
Русија побарала од Берлин да се изнесе официјален германски став по однос на бизарните тврдења на украинскиот премиер, Арсениј Јацењук, кој за еден германски ТВ канал рекол дека поранешен СССР ја нападнал Германија и Украина на крајот од Втората светска војна и дека на Москва нема да и биде дозволено повторно да ја пишува историјата.
„Упативме нота до германското министерство за надворешни работи со барање да формулира официјален германски став по повод екстремистичките тврдења на премиерот Јацењук, кој отворено ја „фалсификува“ историјата“, изјавил денес пред новинарите рускиот заменик министер за надворешни работи, Владимир Титов.
Јацењук за време на вчерашната посета на Берлин во интервју за телевизијата „АРД“ рекол дека „сите добро се сеќаваме на советскиот упад во Украина и Германија“.
„Такво нешто е неопходно да се избегнува. Никој нема право да ги прецртува резултатите на Втората светска војна, но тоа се обидува да го направи рускиот претседател Владимир Путин“, рекол Јацењук.
Слично
