Економија, финансии, бизнис

Контакт

Москва бара да прекине мешањето во внатрешните работи на Македонија

Москва бара да прекине мешањето во внатрешните работи на Македонија

Руското Министерство за надворешни работи во денешната реакција на ситуацијата во Македонија, како што јавува руската новинска агенција Интерфакс, бара запирање на мешањето однадвор во внатрешните работи на Македонија.

„Тековните деструктивни обиди од надворешни шеми кои се контрадикторни со волјата на македонските гласачи само можат да ја влошат ситуацијата во земјата. Неопходно е да запре надворешното мешање во внатрешните работи на Македонија и да се почитува правото на македонските граѓани самостојно да решаваат за нивната иднина во согласност со фундаменталните демократски принципи“- стои во соопштението на руското МНР. 

На предвремените парламентарни избори на 11-ти декември 2016-та година, одржани на инсистирање на ЕУ и САД, победи владејачката партија на чело со Никола Груевски, додаваат оттаму. 

Според руското МНР, особено загрижува тоа што во оваа афера се вклучени и властите на еднострано прогласеното независно Косово. 

Слично

Поврзани вести