Московиси предупредува-Кипарците водат „рулет-економија“!
Според Францускиот министер за економија Пјер Московиси треба да се најде начин за ставање крај на кипарската како што ја нарече „рулет-економија“.
„Станува збор за рулет-економија, која е пред банкрот, за која требаше и досега да се направи нешто, бидејќи во спротивно Вие, јас, ние ќе ја платиме сметката“, изјави денеска Московиси алудирајќи на европските даночни обврзници.
Со цел решавање на прашањето со кризата во Кипар, денеска се одржува средба на министрите за финансии во Брисел.На него најави свое присуство и кипарскиот претседател Никос Настасиадис.
Слично
