„Мосак Фонсека“ ги затвора канцелариите во британските даночни засолништа
Панамско адвокатската фирма „Мосак Фонсека“, која беше во центарот на неодамнешниот скандал ги затвора своите фирми во Њу Џерси, Гибралтар и на островот Ман, пренесе Deutsche Welle.
Осум недели по скандалот со „панамските документи“ компанијата објави дека се откажува од своите канцеларии во три британски прекуморски територии, кои се сметаат за даночни засолништа.
„Со големо жалење по 20 години работа ни се наметнува да ги затвориме канцелариите во Њу Џерси, Гибралтар и на островот Ман“, пишува во официјална изјава на компанијата.
Причината за ова дејство компанијата наведува дека е стратегијата „по консолидација на канцелариска мрежа“. Истовремено адвокатска канцеларија ветува деќе ќе продолжи да работи со своите клиенти.
