Економија, финансии, бизнис

Контакт

Морско прасе ги предвидува натпреварите на Швајцарија

Морско прасе ги предвидува натпреварите на Швајцарија

Швајцарското морско прасе под името „Madam Šiva“ е новиот прогнозер на резултатите од натпреварите на претстојниот Мундијал во Бразил, но само за утакмиците на Швајцарија.

Морското прасе ќе се обиде да му ја преземе славата на претходниот голем прогнозер од животинскиот свет, октоподот Пол, кој ги погодуваше резултатите на натпреварите на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година, но веднаш по завршувањето на шампионатот умре.

Дваесетмесечното прасе веќе прогнозираше победа на Швајцарија над Еквадор во неделата на првиот меч од групата Е, пренесува АФП агенцијата.

Ова неодоливо животинче е пуштено на мини фудбалскиот терен на чии две страни биле поставени боите на Швајцарија и Еквадор.

Бидејќи кратко пронушка низ теренот, „Madam Šiva“ одлично тргна кон швајцарскиот дел од теренот, на кој во знак на одобрување, направи „мала беља“.

Следната работа на морското прасе ќе биде прогноза на резултатот против Франција на 20 јуни, како и последниот натпревар во групата против Хондурас, пет дена покасно.

Светското првенство во Бразил се игра од 12 јуни до 13 јули.

Слично

Поврзани вести