Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОРНИЧАВО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ ШТО НЕ САКАЛЕ ДА СЕ ЕВАКУИРААТ - вашето име ставете го во пластична ќеса

МОРНИЧАВО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ ШТО НЕ САКАЛЕ ДА СЕ ЕВАКУИРААТ - вашето име ставете го во пластична ќеса

Како властите можат да бидат и директни до своите граѓани. Властите на американската сојузна држава Луизијана ги предупредија граѓаните кои не се евакуирале од критичните зони пред пристигнувањето на ураганот „Лора“, дека акцијата за спасување нема да почне додека не помине бурата и биде безбедно, пренесува СиЕнЕн..

„Оние кои избраа да останат и да се соочат со оваа опасна бура, мора да разберат дека спасувачките напори нема да почнат се додека бурата не помине и не биде безбедно“, соопштија властите.

Понатаму, се упатува апел до граѓаните да се евакуираат, а за оние кои и натаму ќе ги игнорираат препораките на властите, издадено е морничаво предупредување.

„Доколку сте избрале да останете, а ние не можеме да дојдеме до вас, напишете го вашето име, адреса, број на социјалното осигурување и роднини, ставете го во пластична кеса и во својот џеб. Молете се да не дојде до ова“, стои во соопштението.

Слично

Поврзани вести