Економија, финансии, бизнис

Контакт

Морничави сцени од Турција: Зграда за малку ќе се урнела врз автомобили, луѓето за влакно ја избегнале смртта (ВИДЕО)

Морничави сцени од Турција: Зграда за малку ќе се урнела врз автомобили, луѓето за влакно ја избегнале смртта (ВИДЕО)

Два разорни земјотреси ја погодија Турција рано утринава, но беа почувствувани во неколку други земји, вклучително и Сирија. Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат ужасни моменти од повеќето градови од овие две земји.

Бројот на жртвите во Турција и Сирија се искачи на над 500. Повеќе од 3.000 луѓе се повредени, а стотици луѓе се уште се под урнатините.


Првиот земјотрес се случи околу 4 часот наутро во провинцијата Газинтеп во Турција, но силно беше почувствуван и во Сирија. Тој бил со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, а потоа следел друг, со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала.


Фотографиите и видеата од Турција покажуваат градови кои практично се срамнети со земја. Повеќето згради се уништени, а на едната се гледаат автомобили кои за влакно бегаат од смртта кога една од зградите се урна.


Фото и Видео: Твитер

Слично

Поврзани вести