Морган Стенли: Европскиот раст почнува да ја губи својата сила
Европските акции може и да се покажуваат како најдобар избор за следната година од многу професионалци , но според аналитичарите од Morgan Stanley растот почнува да губи од својата сила . И додека банката се уште ги препорачува развиените пазари пред оние кои се развиваат, нејзините специјалисти сметаат дека европските акции се лош избор во споредба со компаниите од конкурентните пазари на Јапонија и САД .
" Европа останува закана од пролонгирана стагнација , односно дефлацијата и слабиот раст се фактори кои најверојатно ќе продолжат да дејствуваат и во иднина " , коментираат од банката.
Оттаму прогнозираат дека Европа може да влезе во сценариото на Јапонија од претходните неколку децении . Од Morgan Stanley исто така очекуваат понатамошен раст во односот цена-заработувачка на европските акции, што и без друго до моментов е при 12 -годишен врв , споредено со тоа на MSCI World All Countries index .
Зголемувањето на финансиската сооднос цена - добивка станува реалност во момент кога кредитната активност се намалува , потсетуваат од банката. Од банката ја зголемија својата прогноза за соодносот цена - очекувана добивка за следните дванаесет месеци до 13,6 од 12,5 , на позадината на сегашното ниво од 13,1 .
Слично
