Морето исфрли мртви китови - дали е ова последица на земјотресот?
Морето исфрлило голем број мртви китови на северниот брег на Кипар. Се смета дека смртта на китовите е поврзана со силните земјотреси што во понеделникот ги погодија Турција и Сирија. Одделот за рибарство и морски истражувања на Кипар соопшти дека денеска се пронајдени шест мртви китови, а вчера се пронајдени четири живи китови насукани на брегот.
Три кита се вратени во морето, но четвртиот умрел.
Станува збор за китови ziphius cavirostris, попознати како китови со клун Кувиер. Нивното присуство не е вообичаено во територијалните морски води на Кипар, пишува Гардијан.
Во понеделникот земјотрес со јачина од 7.8 степени ги погоди Турција и Сирија. Бројот на жртви расте. Загинаа најмалку 21.000 луѓе.
Слично
