Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОРБИДНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Коронавирусот би можел да зарази 60 отсто од луѓето во светот

МОРБИДНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Коронавирусот би можел да зарази 60 отсто од луѓето во светот

Епидемијата на коронавирус може да се прошири на околу две третини од светската популација ако не може да се контролира, изјавил водечкиот епидемиолог Габриел Леунг од Хонг Конг.

Неговото предупредување следи откако шефот на Светската здравствена организација рече дека неодамнешните случаи на пациенти со коронавирус кои никогаш не ја посетиле Кина може да бидат „врв на ледениот брег“.

Професорот Леунг, претседател на Одделот за медицина на Универзитетот во Хонг Конг, рече дека најважното прашање сега е да се утврди големината и формата на тој „леден брег“.

Повеќето експерти сметаат дека секое заразено лице ќе продолжи да го шири вирусот кај околу 2,5 други луѓе. Тоа доведе до заклучок дека вирусот има „стапка на напад“ од 60 до 80 проценти.

„Шеесет проценти од светската популација е ужасно голем број“, рекол Леунг за „Гардијан“, пред експертскиот состанок на СЗО во вторникот во Женева.

Слично

Поврзани вести