Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОРБИДНА ПОРАКА: Најдено писмо од напаѓачите на автобусот со фудбалерите на Дортмунд

МОРБИДНА ПОРАКА: Најдено писмо од напаѓачите на автобусот со фудбалерите на Дортмунд

Фудбалерите на Борусија Дортмунд беа мета на бомбашки напад во вторникот вечерта пред натпреварот на четвртфиналето од Лигата на шампиони против Монако.

Во моментот кога од хотелот тргнале кон стадионот во близина на автобусот во кој се наоѓале играчите експлодирале три бомби.

Повреден е фудбалерот Марк Бартра, кој итно е префрлен во болница и во текот на ноќта е опериран.

Додека полицијата истражува дали се точни тврдењата дека зад овој настан стојат исламисти, на социјалните мрежи се појави писмо кое се доведува во врска со организаторите на нападот а кое носи морбидна порака:

„Во име на Алах, милостивиот и семоќен, 12 неверници ќе бидат убиени од нашите браќа во Германија. Не смеевте да бидете како Меркел во својата нечиста игра. Вашите ракети уште летаат и муслимани гинат. Да останеме цврсти со милоста на Алах. Отсега сите неверници се глумци, пеачи, спортисти и сите истакнати Германци и се на наша мета“.

Во писмото, за кое уште нема официјални потврди на автентичноста се поставуваат два услови:

„Имаме два услови: Да се прекине бомбардирањето во Сирија и воената база да биде затворена“, пишува во писмото, а се алудира на учеството на германските борбени авиони „Торнадо“ во Сирија.

Три бомби експлодираа покрај автобусот на Дортмунд а единствен повреден е дефанзивецот на Борусија.

Слично

Поврзани вести