Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОРАВМЕ ДА ЈАДЕМЕ КУЧЕ СКИТНИК: Грозоморни сведоштва од Мариупол

МОРАВМЕ ДА ЈАДЕМЕ КУЧЕ СКИТНИК: Грозоморни сведоштва од Мариупол

Луѓето останати во пепелот на Мариупол, градот кој е срамнет со земја од страна на руските сили, опишуваат невидени сцени, пишува британски Телеграф. Велат дека се приморани на очајни мерки за да преживеат.

Некои од фотографиите од Мариупол се направени од Максимилијан Кларк, британски фотограф. За време на последната војна, тој работеше во Доњецк и во источна Украина во 2014 и 2015 година. Користејќи ги тогашните контакти со сепаратистите поддржани од Русија, тој успеа да добие акредитација за работа во регионот окупиран од сепаратистите. Оттаму можеше да отпатува за Мариупол.

„Луѓето се кријат со недели од апсолутниот интензитет на бомбардирањето“, рече Кларк за Телеграф, опишувајќи сцени кои се „многу темни и полни со паника“.

„Кога влеговме вчера, видовме луѓе кои поради некоја причина не заминаа“, додаде тој. „Многу од нив немаат пари или автомобили. Тие палат пожари и готват секаква храна што ја имаат надвор од нивните бомбардирани станови“.

„Никој не е ментално недопрен таму“, рече тој. „Постојано зборуваат за воздушните нападиТоа е целосно уништување. Тоа е практично неспоредливо со ништо што сум го видел досега“, вели тој за Телеграф.


Слично

Поврзани вести