Економија, финансии, бизнис

Контакт

Моравјецки: Руската победа ќе значи пропаст на европските вредности

Моравјецки: Руската победа ќе значи пропаст на европските вредности

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки вели дека победа на Русија над Украина би била катастрофална не само за таа земја, туку и за цела Европа. 

Toj oва го изјави денеска во Киев. Заедно со летонскиот претседател Егилс Левитс беше на разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Кажа дека руската победа ќе значи пропаст на европските вредности.

„Тоа (победата на Русија) би значело катастрофа за Европа и би бил голем пораз не само за Украина, туку и за целиот континент. Не само што би било невозможно да се задржат европските вредности – оние европски вредности за кои Украина се бори денес, како слободата, независноста, братството и правото на живот – туку и сите тие вредности би биле изгубени“, изјави Моравјецки.

За одговорот на ЕУ на руската инвазија на Украина, Моравјецки рече дека санкциите наметнати на Русија од Брисел имаат ефект и ќе бидат сè поболни за руската економија во иднина. 

Русите евакуираат цивили од три града во источна Украина поради украинската офанзива. 

Официјален претставник назначен од Русија во украинската област Харков, Виталиј Ганчев објави дека цивилите се евакуираат од три територии под руска контрола во регионот поради опасност од украинска контраофанзива.

Слично

Поврзани вести