Моравјецки: Путин нема да застане, Кремљ ќе оди понатаму
Ако Украина не добие поголема поддршка, војната ќе се прошири на територијата на Полска, вели полскиот премиер Матеуш Моравјецки.
Тој изјави дека падот на проектилот во селото Пжеводов докажува дека доколку Украина не добие поголема поддршка, војната ќе се прошири на полска територија, пишува „Украинска правда“. Рече дека главната причина за овој настан е руската агресија на Украина. Вели дека инцидентот во Пржеводово не е прва критична ситуација, а како пример ги наведе имигрантите кои минатата година се обидоа да ја преминат полско-белоруската граница.
„Путин нема да застане, Кремљ ќе оди понатаму. Да се биде пасивно за нас е самоубиство“, рече Моравjецки.
Тој истакна дека Полска е подготвена за инциденти како оној во Пржеводово и дека „има одговори“ за различните можности за хибридна војна што Русија може да ја води против Полска.
Инаку, во полското село загинаа две лица.Полска нема да издава визи на руската делегација за состанокот на ОЕБС.
Тој се одржува во нивниот град Лоѓ на 1 и 2 декември, јавува Ројтерс.
